Како што може да се види на видеото објавено на социјалната мрежа Икс, по балетот „Крчко Орашчиќ“, членовите на оркестарот и балерините ја поздравија публиката со кревање на рацете со црвени ракавици, како симбол на една од паролите на студентски протести „Рацете ви се крвави“.
Ова предизвика аплауз кај публиката.
Ustalo Narodno pozorište, orkestar i balet. Bule Goncić na aparatima (od sredine snimka) pic.twitter.com/EhRBNbjebN
— Milka (@Milkavolimore) December 25, 2024
Вработените во Народниот театар веќе ја изразија својата поддршка за бунтовните академици, па во почетокот на декември глумците на Театарот им се придружија на студентите на Факултетот за драмски уметности (ФДУ) на собирот што го одржаа академиците на Плоштадот на Републиката во Белград.