сабота, 27 јули 2024

Орка холдинг сака целосно да го преземе тетовски Жито Полог

Објавено на

часот

Сподели

Тони Јосифовски поседува 19,86 отсто од акциите во Жито Полог, комапнијата има сопствени акции од 20,6 проценти, друштвото за реклами и маркетинг Лид комуникејшнс има 12,51 отсто, а Ненад Јосифовиќ има 12,51 отсто од капиталот. Најмал акционер е градежната компанија Софија Градба –  5,13 проценти од капиталот. Физички лица (33) располагаат со 36,8 отсто од капиталот на оваа мелничко-пекарска индустрија. 

Жито Полог АД – Тетово поседува капацитети за житни култури, има сопствена малопродажна мрежа и специјализиран погон за добиточна храна за задоволување на потребите на сопствената живинарска фарма.

На 24 ноември, откако е објавена намерата за преземање на Жито Полог,  Македонската берза ја стави оваа мелничко-пекарска компанија на „листата за набљудување“, согласно член 61-а од Правилата за котација. Внесување на друштвото Жито Полог АД Тетово на „листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавена намера за давање јавна понуда за преземање на друштвото“, се вели во објавата од Берзата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ