Тони Јосифовски поседува 19,86 отсто од акциите во Жито Полог, комапнијата има сопствени акции од 20,6 проценти, друштвото за реклами и маркетинг Лид комуникејшнс има 12,51 отсто, а Ненад Јосифовиќ има 12,51 отсто од капиталот. Најмал акционер е градежната компанија Софија Градба – 5,13 проценти од капиталот. Физички лица (33) располагаат со 36,8 отсто од капиталот на оваа мелничко-пекарска индустрија.
Жито Полог АД – Тетово поседува капацитети за житни култури, има сопствена малопродажна мрежа и специјализиран погон за добиточна храна за задоволување на потребите на сопствената живинарска фарма.
На 24 ноември, откако е објавена намерата за преземање на Жито Полог, Македонската берза ја стави оваа мелничко-пекарска компанија на „листата за набљудување“, согласно член 61-а од Правилата за котација. Внесување на друштвото Жито Полог АД Тетово на „листата за набљудување“ е со цел за обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавена намера за давање јавна понуда за преземање на друштвото“, се вели во објавата од Берзата.