сабота, 27 јули 2024

Организирал борба на кучиња, заработи приведување во полиција

Полициски службеници на СВР Тетово во содејство со полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, вчера во 12.40 часот во тетовско Лавце го лишиле од слобода 19-годишниот Х.Х. од ова село поради сомнение дека заедно со уште две други лица бил инволвиран во кривично дело „мачење животни“.

Фото: П.Џ.

Објавено на

часот

Сподели

„Тој минатата недела организирал борба помеѓу две кучиња, а потоа снимениот материјал од борбата го објавил на социјална мрежа. Едно од кучињата со видливи повреди било пронајдено во напуштена куќа во тетовско Селце, по што било предадено на Агенцијата за храна и ветеринарство. Х.Х. е задржан во полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот“, се вели во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ