сабота, 27 јули 2024
За изградбата и украсувањето на храмот Св. 40 Маченици во Смилковци - Скопско

Орден од МПЦ за Бобан Стефковски, градоначалникот на Гази Баба

Со одлука на Архепископот Охридски и Македонски Господин Господин Стефан, а врз основа на член 77 од Уставот на Македонската православна црква – Охридска архепископија, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски е одликуван со орден „Архепископ Доститеј”.

Објавено на

часот

Сподели

Во одлуката за доделување на орденот стои: „Одличието Архепископ Доститеј му се доделува на Бобан Стефковски за неговиот особен придонес при изградбата и украсувањето на храмот Св. 40 Маченици во Смилковци – Скопско”.

Овој чин на осветување на светиот храм беше направен вчера во спомен на жртвите од петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Орденот на градоначалникот Стефковски му беше врачен од страна на Архепископот Господин Господин Стефан на осветувањето на храмот Св. 40 Маченици на Смилковското езеро.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ