сабота, 27 јули 2024

Орден на заслуги за Стопанската комора

Објавено на

часот

Сподели

„Претседателот на државата, Стево Пендаровски утрово ме информира дека по повод 100-годишнината од постоењето, Стопанската комора добила Oрден на заслуги што е исклучитено признание за нас. Но, тоа значи и голема обврска за наредниоот период, истакна Азески по средбата во МПЦ-ОА со поглаварот г.г. Стефан.

Азески исто така оцени дека Преспанскиот договор донесе подобра атмосфера во соработката со Грција, но економските резултати изостанаа зашто влеговме во период на пандемија. Тој најави засилување на соработката со Грција преку интензивирање на проектните активности.

„Имаме рок во Преспанскиот договор во кој треба да се завршат работите и во однос на трговските марки и географските ознаки, но рокот уште не е истечен и работиме на тоа. Мислам дека ќе биде заштитен интересот на Македонија, иако јас и тогаш и сега тврдам дека грчката страна е многу појака и поискусна во тоа и треба да се побара меѓународна поддршка. Владата работи на тоа, ние сме во контакт со МНР. Мислам дека сето тоа ќе придонесе да не се најдеме во незавидна ситуација како порано“, рече Азески, одговорајќи на новинарско прашање што доби бизнисот, а што изгуби со потпишувањето на Договорот.

Азески ифнормира дека денеска имале средба во Ресен претставници на Комората со градоначалниците и бизнисмените од регионалните комори во Северна Грција.

„Се интензивираат активностите на проекти, ќе го засилиме темпото на работа со Грција“, нагласи Азески.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ