петок, 26 јули 2024

Орбан: Западот е на чекор да испрати војници во Украина, ЕУ си игра со оган

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на својата Фејсбук страница објави дека Западот е на чекор да испрати војници во Украина, додавајќи дека „Будимпешта не го сака тоа“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во објавата тој се пожали на, како што наведува, „милитаристичкото чувство кое преовладува во европската политика“.

„Европските лидери нурнаа длабоко во војната, тие ја третираат војната како сопствена војна и ја водат како сопствена војна“, објави Орбан, додавајќи дека на почетокот Западот имал намера да испрати само шлемови во Украина, за потоа да наметне остри санкции кон Русија, а сега испраќа борбени авиони и милијарди евра.

Тој додаде дека „светските војни никогаш веднаш не се нарекувале светски војни“.

„Се испраќаат пари, пари и оружје, но ситуацијата не се подобрува, всушност, се влошува. На чекор сме од тоа Западот да испрати војска во Украина. Ова е вител на војна што може да ја вовлече Европа во длабочините. Брисел си игра со оган“, напиша тој.

„Ние Унгарците знаеме што е војна. Доста ни е. Убеден сум дека мора да се држиме настрана од оваа војна. Ова не е наша војна. Не сакаме војна и не сакаме Унгарија повторно да стане играчка на големите сили. Затоа, мора да се залагаме за мир – дома, во Брисел, во Вашингтон, во ОН и НАТО“, додаде тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ