Во објавата тој се пожали на, како што наведува, „милитаристичкото чувство кое преовладува во европската политика“.
„Европските лидери нурнаа длабоко во војната, тие ја третираат војната како сопствена војна и ја водат како сопствена војна“, објави Орбан, додавајќи дека на почетокот Западот имал намера да испрати само шлемови во Украина, за потоа да наметне остри санкции кон Русија, а сега испраќа борбени авиони и милијарди евра.
Тој додаде дека „светските војни никогаш веднаш не се нарекувале светски војни“.
„Се испраќаат пари, пари и оружје, но ситуацијата не се подобрува, всушност, се влошува. На чекор сме од тоа Западот да испрати војска во Украина. Ова е вител на војна што може да ја вовлече Европа во длабочините. Брисел си игра со оган“, напиша тој.
„Ние Унгарците знаеме што е војна. Доста ни е. Убеден сум дека мора да се држиме настрана од оваа војна. Ова не е наша војна. Не сакаме војна и не сакаме Унгарија повторно да стане играчка на големите сили. Затоа, мора да се залагаме за мир – дома, во Брисел, во Вашингтон, во ОН и НАТО“, додаде тој.