сабота, 27 јули 2024

Орбан во Бања Лука, Додик: Тој е докажан и искрен пријател на Република Српска

Унгарскиот премиер Виктор Орбан пристигна во посета на Република Српска (РС), а на аеродромот во Бања Лука го пречекаа претседателот на РС Милорад Додик и претседателот на Владата на РС Радован Вишковиќ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„На аеродромот во Маховљани го пречекав Орбан и му посакав добредојде во Република Српска. Орбан е докажан и искрен пријател на Српска“, напиша Додик на социјалната мрежа Икс.

Палатата на Република Српска синоќа беше осветлена во боите на унгарското знаме во знак на добредојде на Орбан и унгарската делегација. Орбан ја предводи делегацијата на унгарската влада и бизнисмени кои денеска во Бања Лука ќе имаат низа средби со претставници на Српска, а ќе учествуваат и на Бизнис форумот, јавува Срна.

Орбан во Бањалука пристигна од Сараево, каде што се сретна со членовите на Претседателството на БиХ и со претседавачот на Советот на министри на БиХ, Борјана Кришто.

Претходно во Бања Лука пристигна и унгарскиот министер за надворешни работи и трговија Петер Сијарто, кој беше пречекан од Вишковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ