среда, 25 декември 2024

Орбан: Унгарија не сака да излезе од ЕУ

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека Унгарија не сака да ја напушти Европската Унија бидејќи, како што рече, нејзините основни принципи се добри, но сака „да ја преземе политичката контрола во Брисел и да го „окупира“ Брисел.

Објавено на

часот

Сподели

Тој за новинската станица ХирТВ изјави дека соработката на европските нации, заедничкиот пазар и меѓусебната тимска работа за зајакнување на добрата идеја се во интерес на Унгарија.

Во исто време, Орбан изјави дека нема потреба да се формира „супердржава“ што своите членови ќе ги третира како покраини, пренесе МТИ.

„Не ни треба таков Брисел, туку Брисел што ги поддржува суверенитетот и самопочитта, кој им дозволува на земјите да одлучуваат како да живеат, според нивните културни традиции. Ни треба Брисел што го контролира пазарот, но не им кажува на Полјакот, Унгарецот, Португалецот како да живеат. Треба да се освојат претстојните европски парламентарни избори, а потоа може да се преземе политичката контрола во Брисел“, рече Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ