сабота, 27 јули 2024

Орбан: Украина нема да ја победи Русија на бојното поле

Украина нема да може да ја победи Русија на бојното поле, а секој кој мисли поинаку само се залажува, кажа унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Објавено на

часот

Сподели

„Сè повеќе луѓе кажуваат дека Украина нема да победи на бојното поле“, кажа Орбан во интервју за неделникот Мандинер.

Тој наведе дека се согласува со тоа мислење и истакна дека тоа го кажувал од самиот почеток на конфликтот.

„Да не се залажуваме дека Украинците со наша поддршка можат да ја добијат оваа војна“, порача Орбан.

Додаде дека Европската Унија „се нашла во замка“ кога почнала да ѝ испраќа воена помош на Украина, сметајќи на успех на Киев на фронтот.

ЕУ, меѓутоа, според унгарскиот премиер, немала никаков план за вонредни ситуации во случај тоа да не успее.

„Немаше план Б, бидејќи постоеше само овој план за победа, кој пропадна“, кажа Орбан.

Лидерите на Европската Унија, додаде тој, и понатаму не сакаат да ја признаат таа грешка и продолжуваат да ѝ испраќаат оружје на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ