петок, 13 декември 2024

Орбан удри по Брисел: Модерната ЕУ со притисокот врз Будимпешта е лоша пародија на СССР

Унгарскиот премиер Виктор Орбан го обвини раководството на Европската Унија за политичка уцена и порача дека треба да поднесат оставки бидејќи пропаднале сите клучни проекти.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Сега Европската Унија има лидери за големите проекти што самите си ги избраа, како што се зелената транзиција, политиката на одржливост, миграцијата, санкциите и воената политика, и сите пропаднаа“, рече Орбан на прес-конференција.

Според него, Брисел го користи принципот на владеење на правото и механизмот за условување како „политичка уцена“, бидејќи шефицата на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, „јасно кажа“ дека Унгарија нема да добие пари од фондовите на ЕУ „поради миграциските и антиродовите политики“.

Орбан претходно изјави дека чувствува дека зад некои од одлуките на Брисел стојат интересите не на Европа, туку на Соединетите Држави, и истакна дека изборите за Европскиот парламент летово може лесно да ги сменат европските лидери што не им служат на интересите на своите гласачи. Тој рече и дека сегашното раководство на ЕУ треба да се смени бидејќи не е способно да се справи со кризни ситуации.

Според него, Брисел сега нема „доволно добри лидери“ што можат да ги решат проблемите што се појавија во врска со конфликтот во Украина. Унгарскиот премиер изјави и дека модерната Европска Унија со притисокот врз Будимпешта е лоша пародија на СССР.

Тој истакна дека „нема потреба од Брисел“ што ги третира земјите-членки како провинции, порачувајќи им како да живеат – раководството на ЕУ мора да го почитува суверенитетот на европските народи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ