Националистичкиот премиер, вели Ројтерс, долгогодишен поддржувач на Трамп, предвидува „златна ера“ за односите меѓу САД и земјата-членка на ЕУ Унгарија под претседателството на Трамп, и покрај предупредувањето од централната банка на Унгарија дека предложените тарифи на идниот претседател за ЕУ ќе ѝ наштетат на унгарската економија.
„За само неколку часа дури и сонцето ќе свети поинаку во Брисел. Нов претседател во САД, голема група патриоти во Брисел, голем ентузијазам“, рече Орбан пред инаугурацијата на Трамп подоцна денеска, на која нема да присуствува.
„Значи, големиот напад може да започне. Со ова ја започнувам втората фаза од офанзивата што има цел да го окупира Брисел“, рече Орбан на конференцијата, засилувајќи ја својата антибриселска реторика, вели Ројтерс.