сабота, 21 декември 2024

Орбан: Стратегијата на Западот не функционира, Русија не може да се победи

Објавено на

часот

Сподели

Според него, не може да се почне со изработка на мировен план, како што тоа го предлага западната либерална заедница, туку со прекин на огнот, по што треба да се премине на мировни преговори.

Орбан во обраќањето на годинешниот политички фестивал Транзит на брегот на Балатон кажа дека конфликтот требало да биде организиран, наместо да биде „глобализиран“, но дека само Унгарија ја застапувала таа позиција.

„Стратегијата на Западот Украинците да се борат и да ги даваат своите животи додека ние ги снабдуваме со пари, информации и оружје не функционира“, кажа Орбан.

Тој додаде дека оваа стратегија „не е доволна да се победи Русија“, но и дека не постои нова стратегија.

Унгарија платила огромна цена за „дефектите во планирањето и стратегијата“, наведе унгарскиот премиер.

И покрај сè, унгарската влада не го менува ставот за Украина и се залага за моментален прекин на огнот и почнување мировни преговори, истакна тој.

Според Орбан, Унгарија смета дека е неопходно што побрзо да се прекинат воените дејства, а потоа да се пристапи кон изработка на светски план за решавање на украинскиот конфликт.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ