Според американската агенција АП, Орбан и Трамп се долгогодишни сојузници и поранешниот американски претседател редовно го фали во своите предизборни говори.
Двајцата се сретнаа во август 2022 година во Бедминстер, Њу Џерси, во голф-клубот на Трамп, кога Орбан отпатува во САД за да зборува на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците во Тексас.
Во април 2023 година, кога беа покренати обвиненија за првиот од четирите кривични случаи на Трамп, Орбан објави порака за поддршка на Трамп, повикувајќи го „да продолжи да се бори“.
На почетокот на 2022 година, Трамп рече дека ѝ дава „целосна поддршка“ на кампањата за реизбор на Орбан таа година.