сабота, 22 март 2025

Орбан: Сите гледаат дека војната во Украина е изгубена

„Ќе дојде моментот кога унгарскиот став ќе стане мислење на мнозинството“, кажа Виктор Орбан за радио Кошут, откако Унгарија стави вето на уште една заедничка изјава на Европската Унија за Украина.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Кажа дека не треба да плаши фактот што има моменти кога Унгарија застапува поинаков став од останатите 26 членки бидејќи ќе дојде моментот кога унгарскиот став ќе биде мнозински. Унгарскиот премиер зборуваше за ситуацијата во Украина и нејзиното решавање, како и за импликациите за ЕУ.

Орбан потсети на досегашниот став на Унгарија за миграциите, за изградбата на оградата и противењето на Брисел. Истакна дека „сега осум, девет лидери го повторуваат ставот на Унгарија од пред десет години. Значи, не плашете се што сме сами, понекогаш се покажува дека сме во право“, кажа Орбан, поврзувајќи го тоа со пристапот на ЕУ кон Украина.

Напомена дека иако Унгарија уште не е во мнозинството, поддршката за продолжување на војната повеќе „не е толку цврста како претходно“.

„Сите можат да видат дека оваа војна е изгубена. Да се скокне во неа би била лоша одлука“, истакна Орбан.

Неговата изјава доаѓа по првиот ден на самитот на Европскиот совет во Брисел, каде го повтори противењето на Унгарија на „провоената“ политика во ЕУ.

Орбан најави дека Унгарија ќе одржи референдум за можно членство на Украина во ЕУ, истакнувајќи дека неговата земја нема да го поддржи ставот на Брисел по тоа прашање додека унгарскиот народ не го каже своето.

Истакна дека Унгарија одбива да ги сноси економските последици на војната во Украина и ги повика европските лидери да ја поддржат мировната иницијатива на САД наместо да се впуштаат, како што кажа, во воени авантури.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ