сабота, 27 јули 2024

Орбан: Русија не може да биде поразена

Објавено на

часот

Сподели

„Немам толку бујна фантазија за да можам да замислам дека некој може да победи држава која има нуклеарно оружје. Мислите дека Русите ќе седат и ќе го гледаат својот пораз, разурнатиот политички систем, убиство на својот претседател, напади со дронови на Црвениот плоштад? Во тоа дека Русите само немо ќе гледаат и дека ќе се помират со својот пораз можат да веруваат само незрели луѓе. Тоа се случува во бајки, не во реалноста“, истакна Орбан.

На Унгарија уште на почетокот на конфликтот ѝ беше јасно дека нема да има победници, туку само поразени, додаде тој.

Само од Западот и Америка зависи колку пари се спремни да потрошат на оружјето со кое го снабдуваат Киев, истакна и додаде дека е тешко да се победат модерните западни оружени системи и речиси неограничените финансии од буџетот на САД.

„Од друга страна, Русија има многу поголем број жители, поголема војска, долга традиција на производство на оружје и најголем нуклеарен арсенал во светот“, додаде Орбан.

Унгарскиот премиер истакна дека произведувачите на оружје, шпекулантите и големите западни економски кругови кои сакаат пристап до руските природни ресурси се заинтересирани за продолжување на конфликтот во Украина.

„Војната секогаш има причина зошто почнала, но тука секогаш има и различни интереси, како на пример да продадете оружје. Произведувачите на оружје цветаат“, кажа тој.

Орбан истакна дека постојат големи западни економски кругови, вклучувајќи го американскиот милијардер Џорџ Сорос, кој „секогаш сонувал некако да стапне на украинско тло“.

„Успеаја да дојдат до Украина. сега сакаат да добијат пристап до природните ресурси на Русија. Добро се сеќавам како во 1990-тите, во времето на Борис Јелцин, Западот и Америка сакаа да вложуваат во руското производство и така на „бизнис основа“ да ги стекнат руските природни ресурси“, додаде тој.

Како што наведе Орбан, по тоа рускиот претседател Владимир Путин, наследникот на Јелцин, го прекинал тоа, ги исфрлил од земјата и повторно ја вратил контролата над економските ресурси на Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ