сабота, 21 декември 2024

Орбан: Постојат егзистенцијални прашања на кои во ЕУ немаме заеднички одговори

Европската Унија треба потесно да соработува на прашањата за пазарот и одбраната, но не и на политичките прашања како миграцијата бидејќи големите разлики меѓу државите тоа го оневозможуваат, кажа денес унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Постојат прашања, дури и егзистенцијални прашања, на кои немаме заеднички одговори, а тоа се војната и мирот, миграцијата, родот, општеството засновано на родот, целосната вработеност“, кажа Орбан.

„Ако нè присилите да се здружиме околу прашањата околу кои не се сложуваме, ја раздвојувате Европската Унија“, оцени тој.

Орбан кажа дека неговите посети на Киев и Москва претходно годинава, кои ги критикуваа некои лидери од Европската Унија, го навеле на заклучок дека во овој момент ниедна страна нема намера да склучува мир и да го сопре конфликтот.

Унгарскиот лидер смета дека комуникациските линии мора да бидат отворени од двете страни ако Европа сака да ја прекине војната во Украина.

Орбан го пофали „пристапот на склучување договори“ на републиканскиот кандидат за американските претседателски избори во ноември Доналд Трамп и кажа дека Европа мора да соработува со источниот дел од светот за да ја унапреди својата економска конкурентност.

„Нашиот интерес е добра соработка со Западот, со САД, а економски колку да можеме да соработуваме со Истокот, сега со Кина, па и со Русите по војната. А во областите без санкции би предложил дури и соработка со Русите“, кажа Орбан.

Унгарија поголемиот дел од гасот и сировата нафта ги купува од Русија, а руски Росатом гради нуклеарна централа во таа земја.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ