сабота, 27 јули 2024

Орбан постави билборди со Фон дер Лаен и синот на Сорос: „Не танцуваме како што ни свират“

Унгарската владејачка партија денеска постави билборди во кои ја критикува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, со што првпат ја направи лична мета во кампања слична на онаа против нејзиниот претходник Жан-Клод Јункер што го налути Брисел.

Објавено на

часот

Сподели

Во текот на ноќта, на поставените плакати на кампањата за европските парламентарни избори во јуни следната година се гледа Фон дер Лајен заедно со Алекс Сорос, син на либералниот милијардер и инвеститор со унгарско потекло Џорџ Сорос, повеќегодишна мета на непријателство на Орбановата партија Фидес.

Слоганот гласи: „Не танцуваме како што ни свират“. Сорос е Евреин, а некои критичари сметаат дека централната улога што тој ја игра во пропагандата на Фидес е доказ за антисемитизам, што Фидес категорично го негира. Слични билборди, на кои е прикажан Јункер заедно со постариот Сорос (Џорџ), предизвикаа укор од Брисел во 2019 година.

Фидес ги отстрани откако најсилната централнодесничарска групација во Европскиот парламент (ЕПП) се закани со исклучување на унгарската партија. Фидес ја напушти ЕПП две години подоцна.

Орбан, чија влада се обидува да деблокира милијарди евра од фондовите на ЕУ суспендирани од Брисел поради политиката на Фидес, во саботата рече дека Унгарија „мора да каже „не“ на сегашниот европски модел изграден во Брисел“.

Унгарија се очекува да биде во центарот на вниманието на следниот самит на ЕУ во средината на декември, како земја на ЕУ со најмногу симпатии кон Русија и скептична кон плановите да ѝ понуди на Украина пат за пристапување во блокот, што се очекува да биде главна тема на самитот. Во петокот, Орбан испрати анкета до Унгарците за тоа дали ЕУ треба да додели повеќе средства за Украина или да ѝ одобри членство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ