сабота, 27 јули 2024

Орбан: Подемот на Азија е траен, Западот да сфати дека повеќе не му диктира на светот (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан му порача на Западот дека на повидок е нов светски поредок во кој западните земји нема да ги диктираат правилата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Гостувајќи на радиото Кошут, Орбан кажа дека во Европа се води старата дебата за тоа дали подемот на Азија, вклучувајќи ги Кина, Јужна Кореја и Виетнам, е привремена појава во светската економија или нов животен поредок.

„Ние секогаш сметавме дека тоа е нов животен поредок. Значи Западот мора да сфати дека повеќе не е сам во диктирањето на правилата на меѓународниот живот, вклучувајќи го економскиот живот, туку дека тоа сега ќе се одвива во она што се нарекува мултиполарен светски поредок“, кажа Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ