сабота, 27 јули 2024

Орбан по средбата со Путин: Најважно е да се стави крај на војната

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека најважно за Унгарците и за цела Европа е да се запре бранот на бегалци, воведувањето санкции и војната во Украина.

Објавено на

часот

Сподели

За нас, Унгарците, и за цела Европа би било најважно да заврши бранот на бегалци, санкции и борби во соседната земја“, изјави Орбан во видеото објавено на социјалните мрежи.

Тој рече дека денеска во Пекинг разговарал со рускиот претседател Владимир Путин, од кого не добил позитивен одговор на прашањето за прекинот на огнот во Украина. Според Орбан, Унгарија соодветно ќе треба да ги испланира своите чекори во наредните месеци.

„Затоа е важно за нас, Унгарците, да ја одржиме унгарско-руската соработка во енергетиката и другите економски области“, рече Орбан.

Во одговорот по електронска пошта до Ројтерс, шефот за печат на Орбан, Берталан Хаваси, изјавил дека Орбан и Путин разговарале за испорачувањето на гас и нафта и за прашањата за нуклеарната енергија. Според договорот од 2014 година доделен без тендер, рускиот енергетски гигант Росатом гради нуклеарна централа во Унгарија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ