сабота, 27 јули 2024

Орбан по договорот на ЕУ за Украина: Наидов на ѕид

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денес дека „наишол на ѕид“ за својата земја пред еден ден претходно да се согласи на договорот на Европската Унија за зголемување на помошта за Украина и дека го избегнал ризикот од губење на наменските средства на ЕУ за Будимпешта од заедничкиот фонд.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Лидерите на ЕУ вчера едногласно одлучија да ѝ пружат нова помош од 50 милијарди на Украина, испраќајќи порака до Соединетите Американски Држави каде настана поделба околу тоа дали да продолжи поддршката на Киев.

До договорот се дојде изненадувачки брзо по повеќенеделниот отпор на Унгарија, која од почетокот на војната одбива да ѝ испрати оружје на Украина и чии односи со Киев се нарушени со тензиите во врска позицијата на околу 150.000 етнички Унгарци кои живеат во западна Украина.

Во редовното интервју за државното радио во петок, во кое ѝ се обраќа на домашната публика, Орбан кажа дека договорот постигнат вчера е добар.

„Наидов на ѕид“, кажа Орбан.

„Доколку овој договор не беше постигнат и ако Унгарија продолжеше да го користи своето право на вето, тогаш 26 држави членки ќе се согласеа да ѝ испратат пари на Украина и ќе ги одземеа средствата наменети за Унгарија и ќе ѝ ги испратеа на Украина – како тоа би било добро“, додаде Орбан.

Тој истакна дека Унгарија не ѝ испраќа пари на Украина, ги добива своите пари од Брисел и придонесува на цивилното финансирање на Украина.

Откако на Унгарија во декември ѝ беше овозможен пристап до некои транши од фондовите на ЕУ, Европската Унија и понатаму задржува околу 20 милијарди евра наменети за Будимпешта поради обвиненијата дека Орбан ја уназадил демократијата за време на своите 13 години на власт. Неговата влада ги отфрла обвиненијата.

Орбан повтори дека би требало да почнат мировни преговори меѓу Украина и Русија бидејќи изминаа две години од почетокот на војната, а „времето е на страна на Русија“.

Унгарскиот премиер ја критикува финансиската и воената поддршка на ЕУ на Киев и одржуваше врски со Кремљ по почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ