понеделник, 21 октомври 2024

Орбан: Нормалните луѓе се за мир, прекинот на огнот е во интерес на сите

Нормалниот дел од светот секогаш бил за мир, а Унгарија мораше да ја почне својата мировна мисија за Европа конечно да почне да размислува за мир, порача унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„На сите им е во интерес да дојде до прекин на огнот и мировни преговори. Ако нема решенија на бојното поле, тогаш мора да се преговара за мир“, порача Орбан, гостувајќи во утринската програма на радиото Кошут и додаде дека нови мировни иницијативи можат да се очекуваат во следните недели.

Орбан по повод обновувањето на германските гранични контроли потсети дека Унгарија од 2015 година зборува дека мора да се заштитат надворешните граници.

„На овој начин Унгарија не стана земја на мигранти, а тие кои не се залагаа за своите интереси сега станаа земји на мигранти. Унгарија им припаѓа на Унгарците и точка. А тоа е можно само ако се заштитат границите“, истакна Орбан додавајќи дека луѓето во Германија се разбудиле, а до тоа дошло поради „тероризмот, криминалот, социјалниот и финансискиот товар на мигрантите кои не сакаат да работат“.

„Тоа е мочуриште, политички хаос. Европското законодавство ја создаде таквата ситуација. ова треба да се промени. На Унгарците мора да им се исплати износот кој го дадовме за заштита на границите“, кажа Орбан, откако Будимпешта објави дека е спремна да ја тужи Европската Унија за да ги надомести трошоците за заштита на надворешната граница на ЕУ, што ја чинело околу две милијарди евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ