петок, 26 јули 2024

Орбан: Нема да има собири за поддршка на „терористички организации“ во Унгарија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека неговата земја нема да дозволи собири за поддршка на „терористички организации“, додавајќи дека унгарските граѓани можат да се чувствуваат безбедно, без разлика на нивната вера или потекло.

Објавено на

часот

Сподели

„Шокантно е дека има собири на оние кои ги поддржуваат терористите низ цела Европа“, рече Орбан, пренесе Ројтерс. Тој додаде дека такви „обиди“ имало дури и во Унгарија, но дека неговата земја нема да дозволи собири за поддршка на „терористички организации“ бидејќи тоа би претставувало закана од тероризам, пренесува МТИ.

Унгарскиот премиер изјави дека пандемијата на корона вирусот, војната во Украина и „терористичкиот напад во Израел“ покажаа дека ова е „опасна ера“, но нагласи дека Унгарија ќе ги заштити сите свои граѓани.

„Сите се граѓани на Унгарија, дури и оние кои имаат различни политички ставови. Унгарската држава мора да ги заштити. Не смее да се дозволи унгарските граѓани да се чувствуваат небезбедно поради нивното потекло или религија. Ова е безбедна земја“, порача Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ