Инаку, унгарскиот премиер и претседател на Советот на ЕУ Виктор Орбан во неделата зборуваше на годишниот состанок на Лига во Понтида, северно од Милано.
„Не треба да се повлечеме од Брисел, туку да го окупираме. Ќе го земеме Брисел од бирократите и ќе го вратиме на европскиот народ“, напиша Орбан на Икс.
Како што рече, првиот чекор на тој пат беше десничарската влада во Италија, вториот беше победата на Герт Вилдерс во Холандија, третиот беше победата на Партијата на слободата на Херберт Кикл во Австрија, а четвртиот беше победата на Андреј Бабиш на изборите за чешкиот Сенат.
Како петти чекор го спомена формирањето на „Патриоти за Европа“, сега трета по големина група во Европскиот парламент.
We should not withdraw from #Brussels, but occupy it. We will take back Brussels from the bureaucrats and return it to the European people!
1️⃣ We took the first step – a right-wing government was formed in Italy. 🇮🇹
2️⃣ We took the second step – @geertwilderspvv won in the… pic.twitter.com/fE1EPwPxTW— Orbán Viktor (@PM_ViktorOrban) October 6, 2024
„Сега ја зајакнуваме европската партија Патриоти и одиме напред на патот на обединување на десницата во Европа. Нема да застанеме. На крајот од борбата, Париз ќе се сврти, ќе ја вратиме Варшава и ќе станеме најголемата политичка сила во Европа. Тогаш ќе ја преземеме политиката на Брисел и ќе ја направиме Европа повторно голема, силна, безбедна, богата и слободна“, напиша Виктор Орбан.