сабота, 27 јули 2024

Орбан најави: Купуваме шведски Грипен

Унгарија денеска објави дека потпишала договор за купување на четири борбени авиони Сааб ЈАС Грипен од Шведска, додека Будимпешта конечно се подготвува да ја одобри кандидатурата на Стокхолм за членството во НАТО по речиси две години одложување.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Унгарија е последната членка на НАТО која не го ратификуваше барањето на Шведска за приклучување кон воената алијанса, поднесено во 2022 година, по почетокот на руската инвазија на Украина.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој минатата недела попушти велејќи дека парламентот ќе гласа за ратификација во понеделник, се состана со шведскиот премиер Улф Кристерсон. Тогаш рече дека успеал „да ја обнови довербата“.

Унгарија ќе ги купи авионите и ќе го прошири поврзаниот логистички договор, рече Орбан. Унгарија во моментов има позајмени авиони Грипен со договор потпишан во 2001 година.

„Ние не само што ја одржуваме нашата способност за противвоздушна одбрана, туку и ќе ја зголемиме. Тоа значи дека нашата посветеност кон НАТО ќе се зајакне, а исто така и нашето учество во заедничките операции на НАТО“, рече Орбан на заедничката прес-конференција со Кристерсон.

Кристерсон рече дека го поздравува договорот. „Знаеме дека не се согласуваме за сè, но се согласуваме дека треба да соработуваме каде што е можно“, рече тој, стоејќи до Орбан.

Орбан, чија националистичка влада одржува блиски економски врски со Русија, постојано ја одложуваше ратификацијата поради шведските критики на сметка на Будимпешта поради владеењето на правото.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ