вторник, 22 октомври 2024

Орбан ќе дели „златни визи“, Брисел е гневен

Унгарија на почетокот на следната година почнува со доделување „златни визи“ кои ги одобри владата на премиерот Виктор Орбан. Тоа нема да му се допадне на Брисел кој со години се бори со власта на Орбан поради разни политики и одлуки.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Програмата им овозможува на инвеститори да стекнат десетгодишно право на престој во Унгарија и унгарски пасош, кој овозможува слободно движење низ Шенген зоната, под услов да купат недвижност во вредност од најмалку 500.000 евра.

Втората опција е вложување од најмалку 250.000 евра во инвестициски фондови за недвижности кои ги издава Унгарската народна банка. Третата опција е јавна донација од најмалку милион евра.

Оваа програма ќе предизвика незадоволство на Брисел бидејќи од неа не се исклучени државјаните на Русија и Белорусија.

Руските и белоруските државјани уште од јули оваа година можат да влезат во Европската Унија како странски работници со национална лична карта, што им овозможува слободно движење низ Шенген.

Од 8 јули годинава на државјаните на осум земји – Босна и Херцеговина, Македонија, Белорусија, Молдавија, Црна Гора, Русија, Србија и Украина – ќе им биде овозможено да работат во Унгарија под поволни услови. Лична карта може да се добие на две години, со можност за продолжување на уште три.

Балтичките земји веќе изразија загриженост, а европскиот комесар за внатрешни работи побара од унгарскиот министер за внатрешни работи Шандор Пинтер да објасни како унгарската влада ќе спречи влегување на руски шпиони во земјата.

Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто кажа дека вклучувањето на државјаните на Русија и Белорусија во програмата не претставува безбедносен ризик за Шенген зоната, истакнувајќи дека за влез и престој се вршат детални проверки. Ги критикуваше и централноевропските и балтичките политичари за дезинформациска кампања против програмата.

Најголем интерес за оваа програма досега покажаа кинеските граѓани. Кинески инвеститори и понатаму се заинтересирани за недвижности во Будимпешта, иако недвижностите во градот се прескапи, па се вртат кон поевтини опции на периферијата на унгарската престолнина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ