сабота, 27 јули 2024

Орбан: Империјалистичкиот Брисел врши притисок и уценува

Унгарскиот премиер Виктор Орбан смета дека „империјалистички Брисел“ врши притисок и ги уценува државите од Европската Унија кои не ја поддржуваат политиката на војна, миграции и род.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тоа се однесува на политиката која ја води официјален Брисел.

Во интервју за француски Поан, Орбан кажа дека Брисел не го почитувал суверенитетот на Унгарија кога таа земја одби да даде согласност на Украина да ѝ се испрати дополнителен пакет финансиска помош од 50 милијарди евра, осврнувајќи се на пишувањето на Фајненшал тајмс за наводната финансиска блокада која ЕУ планира да ѝ ја наметне на Унгарија.

Орбан кажа и дека реакцијата на Брисел на одлуката на Будимпешта „не била позитивна“. Тој истакна дека Унгарија се залага за прекин на огнот и преговори за крај на војната во Украина, што, според него, не е позиција која ја заземаат повеќето членки на блокот, и ја обвини ЕУ дека станува „империјалистичка“.

Орбан додаде дека Европската комисија води „идеолошка војна“ против Будимпешта. Според него, укинувањето на правото на Унгарија во Европскиот совет би било можно само во случај на кршење на владеењето на правото, но истакна дека е „јасно“ дека проблемот всушност лежи во унгарската политика околу миграциите, родот и војната.

Орбан кажа и дека ако ѝ бидат испратени пари на Украина, тоа би било направено без волја на Европејците, бидејќи сумата од 50 милијарди евра би им значела на европските граѓани кои, како што наведе, „патат поради лошата економија“.

Зборувајќи за Украина, Орбан оцени дека таа земја претставува проблем за Европа без оглед на војната, и додаде дека поблиски врски на Брисел и Киев би имале „катастрофални последици“ за ЕУ, особено кога станува збор за земјоделството.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ