понеделник, 4 ноември 2024

Орбан и Зеленски, очи во очи (ВИДЕО)

Унгарскиот премиер Виктор Орбан и украинскиот претседател Володимир Зеленски кратко разговарале на маргините на самитот на Европската Унија во Брисел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На снимката од салата се гледа Зеленски како седи, додека покрај него стои претседателот на Европскиот совет во заминување Шарл Мишел. Во тој момент им приоѓа Орбан и му пружа рака на Зеленски. Украинскиот лидер потоа станува и се ракува со унгарскиот премиер.

Не се слуша за што точно разговарале Орбан и Зеленски, но по гестикулациите изгледа дека се емотивно ангажирани во разговорот.

Зеленски за време на разговорот дури ја става раката на рамото на Орбан, додека унгарскиот лидер цело време мавта со рацете.

Орбан од почетокот на конфликтот во Украина се бори за дијалог и мир, континуирано противејќи се на испраќањето оружје на Киев и оспорувајќи ја политиката на воведување санкции против Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ