петок, 26 јули 2024

Орбан: Фицо е меѓу животот и смртта

Словачкиот премиер Роберт Фицо е меѓу животот и смртта два дена по атентатот кој ја шокираше Европа, кажа унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тоа беше прв атентат на европски политички лидер во повеќе од 20 години и предизвика меѓународна осуда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Политичките аналитичари сметаат дека атентатот ја разоткрил сè похаотичната и поларизирана политичка клима во Словачка и низ Европа. „Се молиме за премиерот и навиваме за Словачка“, кажа Орбан. „Му посакуваме заздравување и враќање на работа. Роберт Фицо е меѓу животот и смртта“.

Унгарскиот премиер кажа дека, дури и ако Фицо целосно заздрави, нема да може да работи со месеци во критичен момент пред изборите за Европскиот парламент на почетокот на следниот месец. „Пред нас се избори кои ќе одлучат не само за членовите на Европскиот парламент туку заедно со изборите во САД може да го одредат текот на војната и мирот во Европа“, кажа Орбан.

„Во таа ситуација би ни биле многу потребни Роберт Фицо и Словачка која се залага за мир“, додаде Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ