сабота, 27 јули 2024

Орбан: ЕУ спроведува ЛГБТ офанзива против која мојата влада ќе се бори

Објавено на

часот

Сподели

Во говорот пред унгарската заедница во романскиот град Бајиле Тушнад, тој рече дека се надева оти изборите за Европскиот парламент следната година ќе ги зајакнат владите во ЕУ кои го отфрлаат „федерализмот“ на Германија и Франција.

„ЕУ е или империја или нации… Не смееме да се лажеме, федералистите се обидуваат да нѐ истуркаат. Тие отворено рекоа дека сакаат промена на владата во Унгарија во 2022 година, а сега тоа го сакаат и во Полска“, рече Орбан, пренесува Ројтерс.

Орбан тврди дека рамнотежата меѓу федералистите и државите кои не сакаа да му отстапат повеќе овластувања на Брисел беше нарушена кога Велика Британија излезе од ЕУ и дека сега само Варшава и Будимпешта се залагаат за антифедерализам.

„ЕУ го отфрла христијанското наследство и врши обновување на своето население преку миграција и спроведување на ЛГБТК офанзива“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ