сабота, 27 јули 2024

Орбан: ЕУ ни се заканува со Армагедон

Виктор Орбан тврди дека Брисел го уценува да одобри пакет помош од 50 милијарди евра за Украина, на што евроскептичниот унгарски премиер жестоко се противи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За време на викендот беше објавено дека документот на неименуван претставник на Советот на ЕУ укажува на мерки насочени кон унгарската економија доколку Орбан не одобри помош за Украина, за што ќе се разговара на утрешниот самит на лидерите на ЕУ.

Во интервјуто објавено вчера за францускиот неделник „Поинт“, Орбан рече дека планот е „како прирачник за уценувачи“ што ќе ја стави Унгарија под „масовна финансиска блокада“. „Тогаш Унгарија би доживеала армагедон“, додаде тој.

Унгарскиот премиер рече дека „не се сомнева“ оти документот, за кој пишуваше „Фајненшл тајмс“, е автентичен. „Познавајќи го Брисел, тие се способни за тоа“, рече тој.

Порталот Политико потсетува дека Орбан учествувал во тензични преговори со цел да добие отстапки од остатокот од блокот во замена за поддршка за пакетот помош за Украина, што тој сам го отфрли на самитот на лидерите на ЕУ во декември.

Предложениот пакет би се финансирал од буџетот на ЕУ – што значи дека му треба едногласно одобрение од лидерите на ЕУ, вклучувајќи го и унгарскиот.

Унгарија понуди помошта да се распореди во годишни транши – што би ѝ овозможило на Будимпешта секоја година да ја блокира помошта за Киев.

„Ништо не се промени“ во позицијата на Унгарија на оваа тема, рече Орбан, кој е сѐ поизолиран меѓу лидерите на ЕУ поради поддршката за Украина. „Унгарија како суверена земја се противи на оваа промена на буџетот“, рече тој. „Тие се обидуваат да нѐ убедат, потоа да нè притиснат, па да нѐ уценат, да нѐ принудат да им се придружиме. Многу е тешко да се биде сам во ова семејство“, додаде Орбан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ