сабота, 27 јули 2024

Орбан: ЕУ ќе ја изгуби Србија

Србија мора што побрзо да влезе во Европската Унија, инаку Белград ќе избере соработка со други партнери, а Брисел ќе ја изгуби оваа земја, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Мораме да ја завршиме старата задача на проширувањето пред да тргнеме во ново проширување со Украина. Ако не престанеме да ја игнорираме Србија што е можно побрзо, ќе ја изгубиме. Србија има други опции. Тукушто склучи договор за слободна трговија со Кина“, кажа унгарскиот премиер за австрискиот весник Пресе.

Унгарскиот премиер го нарече проширувањето на ЕУ на земјите од Западен Балкан „главен приоритет на Будимпешта“ за време на претседавањето со Советот на Европската Унија кое почнува на 1 јули.

Министерот за надворешна и внатрешна трговија на Србија Томислав Момировиќ и министерот за трговија на Кина Ванг Вентао на 17 октомври 2023 година во Пекинг потпишаа договор за слободна трговија меѓу двете земји. Според претседателот на Србија Александар Вучиќ, тој треба да стапи на сила во мај-јуни оваа година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ