Европската комисија претходно се согласи да ослободи третина од околу 30 милијарди евра кои се замрзнати поради загриженоста за владеењето на правото и корупцијата откако Унгарија донесе промени во врска со правосудството, јакнејќи ја независноста на судовите.
Орбан наведе дека на следниот самит, кој ќе се одржи на почетокот на следната година, ќе побара од лидерите на ЕУ да ги одобрат сите унгарски средства, пред да го разгледуваат пакетот од 50 милијарди евра за Украина.
„Ова е одлична прилика за Унгарија јасно да даде до знаење дека мора да добие сè што ѝ должи ЕУ“, кажа Орбан.
Додаде дека, иако Унгарија се воздржа од гласањето за преговорите за членство во ЕУ со Украина, Будимпешта е и понатаму против таа одлука и спремна е да стави вето на придружувањето на Украина во подоцнежна фаза.
„Проширувањето на ЕУ не е теоретско прашање. Тоа е процес заснован на заслуги, правно детален процес кој има предуслови. Ако не сте ги исполниле предусловите, нема шанси да ги почнете преговорите“, кажа Орбан додавајќи: „Украинците не ги исполнија предусловите“.