четврток, 16 јануари 2025

Општината Делчево ќе прогласи елементарна непогода (ФОТО)

Објавено на

часот

Сподели

Од утрово продолжија активностите за санирање на штетите на поплавените објекти. Екипи на Јавното комунално претпријатие интензивно работат на расчистување на земјениот нанос на улиците, а во моментот на терен се и стручни екипи кои прават увид на оптетените коловози на неколку улици, со цел да се преземат мерки за итно санирање на штетите.

д

Телефонскиот број 193 е и понатаму останува отворен за пријавување проблеми за интервенции од сттана на ТППЕ Делчево.

д

Градоначалникот на Делчево, Горан Трајковски е во постојана координација со сите надлежни институции и притоа изрази благодарност за поддршката и помошта во опрема која пристигна од повеќе општини и истакна дека се преземат сите мерки за враќање на градот во нормала и санирање.

д

Тој ноќеска преку Фејсбук порача дека големата количина дожд предизвика поплавување на повеќе објекти, но уништи и патна инфраструктура. „Според информациите од терен, најкритично е на ул Царевоселска, Маршал Тито, бул. Македонија, но и населбата Пролет“, вели градоначалникотТрајковски.

д                                                                                                Фото: ФБ на градоначалникот на Делчево

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ