Сѐ до 31 јануари 2025 година кога е извршена законска смена на в.д директорот на предучилишната установа, истата го користела возилото за дотур на храна за 40 деца згрижени во објектот во село Добри Дол. Оттогаш па до денес храна во овој објект се врши отежнато со помош на приватни возила, се наведува во соопштението на МСПДМ.
„Повторно градоначалникот на Општина Врапчиште и Општината Врапчиште вршат грубо кршење на Законот за заштита на децата, со оглед на фактот дека согласно истиот се основачи на предучилишната установа и се надлежни за непречено функционирање на установата, но во овој случај со попречување на секојдневниот тек на работите односно одземање на возило за дотур на храна, вршат груба повреда на своите овластувања, на штета на своите најмали жители на општината-децата“, велат од министерството.
За да биде иронијата поголема, се наведува во соопшението, денеска од страна и налог на општината, исклучено е греењето и струјата во матичниот објект на градинката во село Врапчиште кој е составен дел на училиштето, на температура од – 5 степени.
„Освен грубо кршење на законот со последниот чин градоначалникот ги прекрши и правата на децата согласно Конвенцијата за правата на децата“, велат од МСПДМ.