сабота, 27 јули 2024

Општина Велес ќе ги контролира сомнителните пријави од граѓани каснати од куче

Кога секој граѓанин, каснат од куче, ќе отиде во болница, случајот задолжително ќе биде пријавен во СВР Велес. Службени лица ќе вршат информативен разговор со лицето каснато од куче, кое треба да го наведе местото на инцидентот и да даде опис на кучето. По службена должност ќе се фотографираат и нанесените повреди од каснувањето. Општина Велес во иднина сите сомнителни случаи на каснување на куче ќе ги даде на понатамошно вештачење, информираат денеска од општината.

Објавено на

часот

Сподели

Ова е решението што било донесено на вчерашниот состанок на градоначалникот Марко Колев  со претставници на СВР Велес и ЈЗУ Општа болница, на кој се разговарало за се поголемиот број пријави од страна на граѓани каснати од улични кучиња.

Воедно на средбата бил донесен заклучок да се воспостави засилена комуникација и контрола врз секој поединечен случај, а со цел да се спречат можни злоупотреби.

Како што потенцираат од Општина Велес, ваквите мерки се должат на сè позачестените пријави на граѓани каснати од улични кучиња.

Во  2018 година од општинската каса  биле исплатени 1,7 милиони денари за 58 пријави од граѓани каснати од куче, во 2019 биле исплатени 2,3 милиони денари, а во 2020  се исплатени 2,7 милиони денари, а во 2022, 6 милиони денари за 82 вакви случаи на каснати од куче.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ