Според повикот, заинтересираните треба да се евидентирани невработени лица и ќе бидат работно ангажирани за учебната 2023/2024 година со скратено работно време од 20 часови неделно.
За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Проектот се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750 денари бруто износ, со вклучен данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.
Јавниот повик трае до 21 овој месец, а сите заинтересирани документите можат да ги поднесат до архивата на Општина Струмица.