сабота, 26 октомври 2024

Општина Ресен ги повика граѓаните да пријавуваат штети од вчерашното невреме

Објавено на

часот

Сподели

Од Општина Ресен информираа дека граѓаните кои претрпеа штети од невремето што се случи во текот на вчерашниот ден, тоа треба да го направат со пријавување во локалната самоуправа, да информираат за видот на претрпената штета и достават соодветна документација врзана за земјиштето каде е предизвикана материјалната штета.

Пријавувањето и поднесувањето на документацијата ќе се врши до 7 септември.

Вчера силно невреме ја зафати Преспа со град и грмотевици кои предизвикаа прекин на снабдувањето со електрична енергија на градот Ресен, Отешево и други населени места во Преспа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ