Се напомнува дека апелот се упатува до постојаните жители, големиот број иселеници кои престојуваат во родниот крај, поранешните жители и нивните потомци кои летото го минуваат во селата на општината, како и намерите и случајни минувачи и гости.
Упатуваме апел до сите да ја почитуваат оваа забрана за да не би дошло до несакани последици, апелира општината.
Ја пренесува и согласноста на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесена во согласност со Законот за шуми, а со оглед на зголемената опасност од појава и ширење на пожари на отворен простор.
„Се воведува целосна забрана за движење во шума и на шумско земјиште во временскиот период од 6 до 20 часот. За непочитување на оваа забрана на физички лица кои се затекнати да се движат во шума и шумско земјиште, согласно член 106 од Законот за шумите, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност“, стои во денешната објава на општината.