недела, 20 октомври 2024
Од раните утрински часови се расчистуваат улиците

Општина Кисела Вода остави контакти за граѓаните кои имаат потреба од помош поради снегот

Од раните утрински часови, екипите на Општина Кисела Вода се на терен и работат на целосно расчистување на улиците од снежните наноси. Најголема потреба за интервенција имаше во Припор и Пржино, каде со неколку специјализирани машини се расчистуваа улиците и се фрлаше сол, со цел жителите непречено да ги извршуваат своите потреби, информираат попладнево од локалната самоуправа.

Објавено на

часот

Сподели

Според градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, граѓаните можат да сметаат на брза интервенција доколку има потреба, за што во служба се ставени сите материјални и човечки ресурси од општината.

„За сите неопходни потреби, доколку заврне повеќе снег во вечерните часови како што се прогнозира, на располагање на граѓаните се ставени сите службени возила. Исто така, службите на општината се достапни 24 часа.

Контакт може да се оствари на телефонскиот број 078/207-687 – Далибор, на [email protected] или на Фејсбук – страницата на општина Кисела Вода. Граѓаните да бидат спокојни, во Кисела Вода нема да има непроодни улици“, се наведува во писмената изјава на градоначалникот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ