сабота, 27 јули 2024

Општина Кисела Вода до ЦУК: Треба брзо да реагираат при кризни состојби, а не да го вперуваат прстот во нас

Објавено на

часот

Сподели

„За ова, граѓаните уредно пријавиле до нив на бројот 112. Кисела Вода како институција,со оглед на тоа што нема такви законски надлежности, не располага ниту со опрема за санирање на вакви штети, како што е на пример многу висока скала, ниту пак има персонал обучен да делува во вакви ситуации. Жално е што ЦУК, како институција, не може да направи проценка за тоа кој треба да реагира, што на граѓаните им губи време, во услови кога самиот ЦУК увидел опасност. Општината не треба да биде советник на ЦУК и да им каже дека, на пример, таква скапо платена скала поседува Пожарната во Скопје, каде има и обучени лица кои може да реагираат. Впрочем, затоа и постојат повеќе институции и поделба на ингеренциите. Исто така, се надеваме дека ЦУК брзо ќе реагира и ќе ги заштити нашите жители со кои комунициравме и кои и самите се зачудени зошто ЦУК бара дејствие од Кисела Вода“, реагираат од општина Кисела Вода. 

Од таму во интерес на точното информирање на јавноста околу штетите настаните по обилните дождови, кои не ја заобиколија ниту Кисела Вода, но за разлика од минатото беа минимални и на само неколку позиции, велат дека нашите служби веднаш излегоа на терен и реагираа. 

„Секако, согласно надлежностите што Кисела Вода ги има. Воедно, веднаш по невремето, отворивме дежурна телефонска линија 072/250719 на која нашите сограѓани можат да пријават проблем. Медиумското обвинување за негрижа или незаинтересираност на Општина Кисела Вода од страна на ЦУК или претставува непознавање на своите ингеренции или е само обид да се креира лажна слика и да се нанесе штета врз угледот на градоначалникот на Општина Кисела Вода. Во секој случај, што и да е од посоченото, претставува неодговорен однос кон граѓаните кои ја плаќаат оваа институција да реагира при настаната криза. Оттука, сакаме да го советуваме ЦУК да престане да држи демагогии и наместо тоа, да започне да се занимава со својата работа во интерес на граѓаните“, додаваат од општината. 

Вчера демант до ЦУК испратија и од Клиниката за кардиологија. Од таму појаснија дека не се поплавени, туку дека просториите за интервенција нормално функционираат. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ