сабота, 27 јули 2024

Општина Кисела Вода бесплатно ќе го собира кабастиот отпад

Објавено на

часот

Сподели

За да се искористи оваа бесплатна услуга, информираа денеска од општината, потребно е да се закаже термин секој работен ден од 9 до 15 часот во период од 26 април до 2 мај.

„Граѓаните кои ќе сакаат да им биде подигнат и одложен кабастиот отпад треба да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период. Потоа, нашиот тим за собирање на отпад ќе ги подигне предметите, во денот што е претходно договорен со службите и ќе го транспортира на локација предвидена за ова намена“, наведуваат од општина Кисела Вода.

Апелираат до жителите да ја искористат можноста и да бидат дел од уште една акција на општина Кисела Вода, чија цел е создавање и одржување на чиста и здрава животна средина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ