сабота, 27 јули 2024

Општина Кавадарци издаде препораки против загадувањето на воздухот

Да се користи јавниот превоз, возила да не се користат без поголема потреба, повеќе луѓе да се возат со едно возило во исто време, да не се користи за затоплување на простории прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од дрво и мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, парчиња гума и било каков синтетички материјал, правилно да се користат печките за дрва, се само дел од препораките со кои излезе денеска Општина Кавадарци, а како борба против загадувањето на воздухот.

Објавено на

часот

Сподели

„Препораките се донесуваат согласно известувањето од Одделението за мониторинг на квалитет на воздух, сектор македонски информативен центар за животна средина при Министерство за животна средина и просторно планирање и согласно Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности, за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели, во која е дефиниран прагот на информирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри грама на метар кубен (надминување на вредноста од 100 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи“, се вели во известувањето до јавноста.

Притоа, се потсетува дека, и Министерството за здравство и Институтот за јавно здравје, исто така даваат препораки во вакви случаи.

„Ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација (деца, стари лица, болни од хоронични болести на белодробниот и срцевиот садовен систем, со посебен ризик за болните од бeлодробна астма), но и за лицата кои својот професионален ангажман го извршуваат на отворен простор во загадените зони на градот“, потсетуваат од Општина Кавадарци. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ