среда, 23 октомври 2024

Општина Карпош подигна споменик на Првиот скопски партизански одред

Во Карпош денеска е подигнато спомен-обележје на Првиот скопски партизански одред, финансирано од Општината, а тричлена општинска делегација положи цвеќе. Денешниот датум е избран во чест на 80- годишнината од Првото заседание на АСНОМ, информираат од Општина Карпош и додаваат дека Општината и во иднина ќе ја негува почитта кон борците од НОБ.

Објавено на

часот

Сподели

На барање на Сојузот на борци на Македонија, градоначалникот Стевчо Јакимовски предложи до советниците на Општина Карпош, а тие ја изгласаа Одлуката за поставување на споменикот, информираат од Општината.

„Општината и понатаму ќе дава поддршка на ваквите иницијативи и ќе ја негува почитта кон борците од НОВ, кои се бореле за слобода, а некои од нив го положиле својот живот пред олтарот на татковината. На овој начин, сакаме да оставиме аманет и до новите генерации кои треба да ги почитуваат начелата на слободата и демократијата и оттука да го зачуваат и споменот кон луѓето кои чекореле по патот на формирање на самостојна Македонија“, вели секретарот на локалната самоуправа, Ивана Ордевска, која заедно со советниците Зоран Краљевски и Славко Митревски положи цвеќе.

Од Општината информираат дека за посебниот придонес и поддршка во оставрувањето на целите и задачите на СБМ на планот за негување и развивање на традициите од НОАВМ 1941-1945 година, претставникот на Сојузот на борците ѝ врачил благодарница на Ордевска, која го примила ова признание во име на Општина Карпош.

На оваа манифестација, присуствувал и 103 годишниот припадник на Првиот скопски -партизански Одред, Методија Коневски, како и делегации на Сојузот на борци на Македонија, претставници на политички партии, здруженија на пензионери, како и граѓани кои дојдоа да им одадат почит на македонските револуционери. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ