петок, 13 декември 2024

Општина Ѓорче Петров: Не сме депонирале отпад во депонијата за која зборува Арсовска

Општина Ѓорче Петров демантира дека депонирала отпад нелегално и дека создавала диви депонии и ја оцени како политички мотивирана денешната прес- конференција на градоначалничката на Скопје Данела Арсовска.

Објавено на

часот

Сподели

Општината реагираше со допис до медиумите откако Арсовска соопшти за еколошка катастрофа со истурање опасен отпад на приватна депонија во Ѓорче Петров каде што најчесто, како што рече, клиент била самата општина.

„Општина Ѓорче Петров никогаш не депонирала отпад нелегално на посочената локација, ниту создавала диви депонии. Напротив, Oпштината го чисти таквото ѓубре. За тоа дека ја говориме вистината, градоначалничката Арсовска може да провери во пунктот на ЈП Комунална хигена во Карпош, каде јасно ќе види дека општинските служби таму одлагале кабаст отпад. Големиот помпезен случај на Арсовска се решава за 5 минути и еден телефонски разговор со нејзиниот директор на ова јавно претпријатие. Ја разбираме потребата и жедта за политички пресметки и кавги на градоначалничката и намерата преку тоа да дојде до израз, бидејќи со работа и проекти тешко, но мора да потенцираме дека и оваа нејзина помпезна прес-конференција е промашена“, пишува во реакцијата од Кабинетот на градоначалникот на Ѓорче Петров.

Општината во реакцијата наведува дека Арсовска „нема да ги покрие со политички мотивирани прес-конференции катастрофалното работење на јавните претпријатија, нехигиената, неуредените зелени површини“.

„Добро ќе биде наместо водење висока политика и кажувањето ловечки приказни, градоначалничката да се погрижи за акутните проблеми на градот, па на следната прес-конференција да се пофали со некој изграден булевар, почист воздух или, пак, решение за чекањето по повеќе часови автобуски превоз, кој секако, согласно нејзините заложби, треба да биде бесплатен“, пишува во реакцијата на Општина Ѓорче Петров.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ