сабота, 27 јули 2024

Општина Центар бара од Град Скопје да го реши проблемот со ѓубрето во градот

Објавено на

часот

Сподели

Според Општината, голем број граѓани денеска се пожалиле поради нехигиената и неподносливата миризба која се шири поради преполните контејнери по булеварите и улиците на главниот град.

„Апелираме на итна реакција од Градот Скопје под чија надлежност е ЈП „Комунална хигиена“. Ние со своето претпријатие ќе продолжиме активно да ги одржуваме општинските површини. Предупредуваме, надлежните од Градот да не бараат оправдувања, туку веднаш да дејствуваат, високите температури надвор најмалку дозволуваат главниот град да биде претрупан со смет. Граѓаните плаќаат комунална такса и сакаат чист град“, порачува општина Центар.

Претходно денеска претпријатието соопшти дека неговата еко-патрола спроведува секојдневни дежурства на локациите каде што е констатирано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни површини.

Директорката на ЈП Комунална хигиена-Скопје, Косана Николиќ Мазнева денеска на прес-конференција информира дека нема да дозволи  политички центар да ја контролира работата на ова претпријатие и дека се поднесени пријави до МВР и до Обвинителството за заканите по живот кон неа и кон други вработени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ