Како што информитраат од Општина Чаир, градоначалникот на општината ја изразил својата поддршка за помошта која ќе им биде доставена на погодените семејства. Тој истакнал дека оваа финансиска помош претставува само прв чекор и дека Чаир ќе продолжи да ги поддржува индивидуите и семејствата кои минуваат низ тешки периоди.
„Ова е тешко време за сите нас, и како заедница наша должност е да бидеме покрај оние кои го загубиле најблиските. Ќе продолжиме да обезбедуваме поддршка и да се осигуриме дека секој граѓанин ќе се чувствува безбеден и поддржан“, изјавил градоначалникот на Општина Чаир.
Овој предлог, сметаат од Општината, претставува важен чекор за обезбедување помош и солидарност во тешките моменти, и ќе служи како пример за заедничката одговорност за помошта и поддршката на оние кои се во потреба.