сабота, 27 јули 2024

Општина Центар вели дека санацијата на паднатиот потпорен ѕид не е во нивна надлежност

Општина Центар остро ги демантира наводите дека санацијата на потпорниот ѕид на Клинички Центар и улица „Белградска“ се во надлежност на општината. Од таму велат дека за тоа постојат законски акти и одлуки.

Објавено на

часот

Сподели

„Со одлука на Совет и Договорот, склучен  меѓу Град Скопје и Општина Центар, на 5.8.2019 година,  градските власти ја преземаат обврската за проектирање, изградба, користење, заштита и одржување на следниве улици на подрачејто на Општина Центар:  Белградска, Востаничка, Св. Кирил и Методиј, Димитрие Чуповски, Лазар Личеновски, Македонија, Митрополит Теодосиј Гологанов, кеј Димитар Влахов, Пролет, Васил Ѓоргов и Самоилова.    Во договорот децидно стои:,,Општина Центар се обврзува да не презема активности кои би ги попречиле или нарушиле проектирањето, изградбата, користењето, заштитата и одржувањето на наведените сообраќајници во Општината“, велат од Општина Центар.

„Овој проблем се провлекува со години и постојано одговорот е ист, безбедноста и функционалноста на Белградска не е наша надлежност. ЦУК и пред две години алармираше за состојбата со потпорниот ѕид кај Универзитетската клиника за детски болести и безбедноста на улицата Белградска. На нивна иницијатива, Министерството за здравство посочи дека за санацијата е потребна координирана активност на јавните претпријатија на Град Скопје. И тогаш, Општина Центар, на 30.12.2022, децидно одговори дека безбедноста и одржувањето на Белградска согласно Договорот од 05.08.2019, е обврска на Град Скопје. Да беше до нас, проблемот одамна ќе се решеше, дециден е градоначалникот Герасимовски.

Согласно договорот за меѓуопштинска соработка меѓу Градот и Општината, сите обврски за одржување на функционалноста на улица Белградска, што подразбира и градежни активности ако е потребно, е одговорност и обврска на Град Скопје, а Општина Центар не смее да презема активности во тој домен.

Во прилог ви го испраќаме Договорот склучен помеѓу Град Скопје и Општина Центар, Одлуката на Советот и другата документација на увид.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ