вторник, 22 октомври 2024

Општина Центар ја поддржа иницијативата на граѓани против клубот „Интермецо“

Општина Центар соопшти дека дава целосна поддршка на петицијата потпишана од жителите кои живеат во непосредна близина на клубот Интермецо и останатите локали лоцирани на бул.Народен фронт. Станарите бараат ефективна интервениција на МВР и Државниот пазарен инспекторат и останатите институции за да им се реши проблемот со гласната музика, нарушениот ред и мир, дивеењето и отежнатиот сообраќај на делот од улицата каде се наоѓаат угостителските објеки.

Објавено на

часот

Сподели

„Ние, како општина, ги презедовме сите правни механизми што ни се достапни! Не помогнаа ни глобите ни казните. Овој проблем треба да се реши долгорочно, а за тоа е потребна е координација и притисоци од страна на сите надлежни институции“, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Општината петицијата ја проследила до МВР, Министерството за економија и труд, Министерство за животна средина и просторно планирање, Државниот пазарен инспекторат и Државниот инспекторат за животна средина и, како што е наведено, побара да се одржи итна средба за решавање на проблемот на засегнатите станари.

„На барање и поплаки на жителите за прекумерна бучава, Општина Центар во повеќе наврати го санкционираше спорниот локал со глоби, опомени и забрани за вршење дејност. Инспекциската служба на Општината и натаму ќе  продолжи со  санкционирање на сите угостителски објекти кои не го почитуваат законот, но за долготраен успех потребна е соработка на сите надлежни институции“, се вели во соопштението на Општина Ценар.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ